Пожар ја уништи зградата на познатата Школа за уметност во Глазгов

Светски познатата школа за уметност во Глазгов синоќа беше обвиена во силен оган, четири години откако дел од зградата беше уништена во сличен пожар.

Пламенот се прошири низ целата зграда откако пожарот започна во 23:20 часот по локално време.

Пожарот се проширил на зградите во близина и создал голема штета, за што сведочи оваа снимка објавена на Твитер.

Не се пријавени жртви, соопшти шкотската противпожарна служба за спасување.

„Се очекува напорите за доведување на пожарите под контрола да бидат ‘продолжени’, изјави заменик-директорот Ијан Бушел.

Повеќе од 120 пожарникари биле испратени на местото на настанот и се соочуваат со „исклучително предизвикувачки и комплексен инцидент”, додаде тој.

Според него, зградата на Школата за уметност била „сериозно оштетена” и дека сите катови се погодени

Зградата претходно беше сериозно оштетена од пожар во мај 2014 година и требаше повторно да се отвори следната година по проектот за реставрација кој чинеше од 20 до 35 милиони фунти.