Пожар го проголта најголемот грчки камп за бегалци на островот Лезбос

Пожар го уништи најголемиот грчки камп за бегалци. Пожарот кој избувна околу 2 часот по полноќ во Морија, на островот Лезбос. Како што објавија медиумите, се претоставува дека пожарот започнал од мигранти кои одбиле да заминат во изолација откако добиле позитивен тест за Ковид 19.

Грчките медиуми јавуваат дека персоналот ги преместувал заразените во изолација заедно со нивните семејства кога започнале „судири“, што резултирале во пожар. Полицијата допрва треба да ги потврди извештаите, но истрагата за подметнување пожар е во тек.

Минатата недела за прв пат избувна епидемија на коронавирусот, во која се евидентирани 35 случаи.

Прогласена е вонредна состојба на целиот остров поради стравувањата дека сега болеста може да се прошири

Стотици мигранти се обиделе да побегнат од кампот кон околните села, но биле блокирани од полициски возила и локалните жители.

Пожарот речиси целосно ја уништи Морија остави без засолниште над 12.000 мигранти.