Повредени четворица работници во „Макстил“, се излеал течен челик од казан

Четворица работници утрово се повредиле во челичарницата на „Макстил“ откако откажал дел од опремата на една од дигалките, по што имало прскање на течен челик надвор од казанот. Еден од работниците е потешко повреден и е згрижен на КАРИЛ, а другите тројца се пуштени на домашно лекување.

„Извршен е увид од страна на службата за безбедност и заштита при работа на „Макстил“ и надлежните државни органи и се работи на утврдување на причините“, соопштија од фабриката.

Оттаму велат дека хаваријата се случила во 6:50 часо наутро. Во гаснењето на пожарот учествувале четири возила и 12 пожарникари, соопштија од Противпожарната единица на Град Скопје.