Повик за волонтери за уличниот фесттивал „Баскерфест 2018“

Волонтерски Центар Скопје како поддржувач меѓународниот уличен фестивал „Баскерфест 2018“  објавува повик за волонтери на возраст од 18-35 години, кои би сакале за време на фестивалските денови да се дружат со баскер артистите, како и активно да се вклучат во организацијата на фестивалот.

Според повикот, пожелно е познавање на англиски јазик, како и желба за дружење и комуникација со луѓе од целиот свет. Фестивалот ќе се одржи од 12-17 јули на градскиот плоштад „Македонија“ во Скопје.

Повеќе информации за волонтерите може да се најдат ТУКА.

Сите заинтересирани кандидати може да испратат CV и дополнителни прашања на buskerfest2008@gmail.com најдоцна до 5 jуни 2018 година.

Инаку, „Баскерфест“ е прв меѓународен и мултикултурен уличен фестивал во Македонија, признат како најголем настан од ваков вид во регионот. Тринаесетта година по ред, на градскиот плоштад во Скопје, ќе се одржи уличниот театар под отворено небо на кој учествуваат артисти од разни краишта на светот –  жонглери, акробати, магионичари, кловнови, циркуси, пантомимичари, музичари, илузионсти, танчери…