Повик за волонтери на Скопскиот маратон

Волонтерски Центар Скопје, како поддржувач на Виз Ер Скопски маратон, распиша повик за волонтери кои ќе помагаат на 6 мај (недела) 2018.

Виз Ер Скопски Маратон, претставува најмасовна спортска манифестација во регионот од меѓународен карактер, со над 8000 учесници и врвни спортисти рекордери во маратон.

На програмата на овогодинешниот Виз Ер Скопски Маратон, се четири трки: маратон, полумаратон, штафетен маратон (4 х 10,5 км) и трка на 5км.

„Доколку си на возраст помеѓу 16 и 30години, и си заинтересиран да бидеш дел од спортски настан, да стекнеш нови прејатели и пред се искуство, приклучи се и стани волонтер на Виз Ер Скопски Маратон 2018.

Како дел од оваа манифестација на сите волонтери им следува  маичка со логото на Виз ер Скопски Маратон, ваучер за Виз Ер летови во висина од 20евра и Сертификат на крајот од манифестацијата!“, стои во повикот.

Заинтересираните може да се пријават на следниот ЛИНК  најдоцна до понеделник, 30 април.