Повик за волонтери на скопскиот книжевен фестивал „Друга приказна“

На книжевниот фестивал ДРУГА ПРИКАЗНА потребни му се волонтери.

Второто издание на Фестивалот ќе се одржи во почетокот на септември во Скопје.

„Ако сте постари од 18 години, ако сте одговорни, комуникативни, знаете странски јазици, сакате книжевност и сакате да се дружите со македонски и странски писатели, пријавете се и станете дел од тимот на ДРУГА ПРИКАЗНА“, стои во повикот.

Работата на фестивалот вклучува грижа за гостите, подготвување на просторот за одржување на фестивалските настани, но и дружење со авторите и учесниците на фестивалот.

Заинтересираните волонтери треба да испратат своја кратка биографија и да се пријават на адресата drugaprikazna@gmail.com (пријавените задолжително да наведат кои странски јазици ги познаваат).

Крајниот рок за пријавување е 15 август.