Повик за волонтери на МакеДокс

Фестивалот на креативен документарен филм МакеДокс објави повик за волонтери за престојниот, јубилеен, 10-ти фестивал кој ќе се одржи од 21 до 28 август.

„Можеби не сте биле во можност да се пофалите дека сте волонтирале на првиот, ама затоа имате можност да се фалите на внуците дека сте биле дел од легендарниот, 10ти МакеДокс, од 21 до 28 август! Волонтерите се запчаниците во прекрасниот и невообичаен механизам на МакеДокс. Секоја нова генерација на волонтери носи нова енергија и ентузијазам. Да се биде МакеДокс волонтер/ка значи да се ужива во извонредна авантура. Најголемиот дел од сегашната екипа на МакеДокс има волонтирано барем една година“, стои во повикот на организаторите.

Од Фестивалот им се заблагодаруват на сите оние кои дале придонес на МакеДокс на некаков начин изминатите 9 години.

Доколку сакате да бидете дел од МакеДокс 2019, можете да се пријавите на следниов линк: https://vp.eventival.com/makedox/2019 и да ја пополните вашата апликација. Пријавите можат да се поднесат најдоцна до 25 јули.