Повик за волонтери на дебатниот турнир „Skopje Open 2015”

Младински Образовен Форум (MOФ) објавува повик за волонтери на дебатниот турнир „Skopje Open 2015” кој ќе се реализира од  24 до 26 декември во Скопје.

Меѓународниот турнир го организира Дебатната програма на МОФ  и е првиот голем универзитетски дебатен турнир во натпреварувачка дебата во Македонија по форматот Британска Парламентарна дебата.

Настанот се одржува по втор пат во Скопје, а на него ќе учествуваат повеќе од 100 дебатери од целиот свет. Студентите ќе се натпреваруваат во дебати на актуелни глобални тези поврзани со демократијата, човековите права, економските слободи и граѓанското оштество.

Домаќин на настанот ќе биде Универзитетот ФОН,  во чии простории ќе се одржат прелиминарни дебати, полуфинале и финале. Волонтерите во овој настан ќе помогнат при логистиката на настанот, како на пример подготвување на собите за дебатирање, сервирање ручек, при транспорт на учесниците, но и одлично ќе се журкаат за време на ноќните забави заедно со колеги од целиот свет.

Ова е одлична можност да се запознаете и да размените знаења и искуства со луѓе од над 40 различни земји од целиот свет, да научите повеќе за тимската работа и да бидете дел од организацијата на најголемиот дебатен турнир во Македонија.

Сите заинтересирани за волонтирање на „Skopje Open 2015” можат да се пријават со пополнување на апликацијата на следниов линк https://docs.google.com/forms/d/1zZ4JAsPx9cJA8hVLiTHwtPmBG7fibKhHpPjYLuQONVc/viewform

Повикот е отворен до 20 декември.

На сите волонтери ќе им бидат покриени трошоците за пат, храна и сместување за време на волонтирањето. По завршување на турнирот ќе бидат доделени сертификати за учество во организирање на „Skopje Open 2015”.