Повик за викенд-обука за сеопфатно сексуално образование

ХЕРА во рамките на својата програма за неформално сеопфатно сексуално образование (ССО) објавува повик за учество на обука од областа на ССО.

Обуката опфаќа дводневна работилница за запознавање со седумте компоненти на ССО и тоа: род, сексуално и репродуктивно здравје, граѓански аспекти, задоволство, насилство, врски и односи и различност.

„Обуката ви носи и можност по нејзиното поминување да станете дел од тимот на волонтери ХЕРА Млади, велат од ХЕРА.

Обуката ќе се одржи викендот на 8 и 9 јуни во Битола од 9 до 17 часот. Учесниците кои ќе ја поминат ќе добијат сертификат. Обуката е бесплатна, а сите трошоци, освен за пат и сместување, ќе бидат покриени од ХЕРА.

„Ги покануваме да се пријават сите млади кои: се на возраст од 18 до 23 години, сакаат да добијат информации околу сексуалното и репродуктивното здравје и права, се мотивирани да бидат волонтери во ХЕРА и сакаат да работат во тим и знаат да исполнуваат задачи навреме“, соопштува ХЕРА.

Најдоцна до 5 јуни 2019 година, заинтересираните треба да испратат:

Писмо во кое ќе ја изразат својата мотивација зошто сакаат да бидат дел од оваа обука (најмногу 500 зборови). Бројот на заинтересирани кои можат да земат учество на обуката е ограничен. Заинтересираните треба да наведат телефон и е-пошта за контакт. Документите со назнака/предмет на пораката повик за обука од областа на ССО можете да ги достават по електронска пошта: seksualnoobrazovanie@hera.org.mk.