Повик за учество во истражување на ситуацијата со ЛГБТ Ромите во Македонија

Субверзивен фронт објавува Повик за учество во истражување за потребите и мапирање на ситуацијата со ЛГБТ Ромите во Република Македонија.

Истражувањето има за цел подобро да ги процени потребите на Ромите кои се идентификуваат како ЛГБТ, како и да генерира податоци за проблемите, грижите и потешкотиите со кои тие се соочуваат од повеќе аспекти поврзани со нивниот идентитет како Роми и како ЛГБТ. Наодите од истражувањето ќе придонесат кон формулирање на соодветни стратегии за адресирање на клучните проблеми на ЛГБТ Ромите детектирани во истражувањето, како и за информирање на организациите и активистите за правата на Ромите и на ЛГБТИ луѓето за клучните потреби идентификувани од самите ЛГБТ Роми.

Истражувањето користи квалитативен метод со спроведување на фокус група и интервјуа. За спроведување на фокус групата се потребни 10 учесници – 5 учесници од ромските организации и 5 учесници од ЛГБТИ организациите во РМ. За спроведување на индивидуалните интервјуа, потребни се ЛГБТ Роми на возраст поголема од 18 год. За учеството во фокус групата и во интервјуата се добива паричен надомест.

Се повикуваат заинтересираните лица за учество во истражувањето да се пријават преку образецот тука, или на 02 60 90 779070 733 688 или 072 75 99 95 (пон-пет, 11:00 – 17:00) најдоцна до 15 февруари 2019 год.

Фокус групата (и интервјуата) ќе бидат спроведени во термини од 18-ти до 20-ти февруари, и 25-ти и 26-ти февруари. Термините ќе бидат дополнително договорени по селекцијата на учесници.

Истражувањето е дел од регионален истражувачки проект поддржан од Civil Rights Defenders и Swedish Institute.