Повик за учество на викенд-обука за сеопфатното сексуално образование

Во рамки на својата програма за неформално сеопфатно сексуално образование (ССО), ХЕРА објавува повик за учество на обука од областа на ССО која ќе се одржи на 2 и 3 декември во Скопје од 9 до 16 часот.

Обуката опфаќа дводневна работилница за запознавање со седумте компоненти на ССО: род, сексуално и репродуктивно здравје, граѓански аспекти, задоволство, насилство, врски и односи и различност.

„Обуката ви носи и можност по нејзиното поминување да станете дел од тимот на волонтери ХЕРАМлади. Учесниците кои ќе ја поминат обуката, ќе добијат сертификат. Обуката е бесплатна: сите трошоци, освен за пат и сместување, ќе бидат покриени од страна на ХЕРА“, велат од ХЕРА.

На обуката се поканети сите млади на возраст од 14 до 18 години, кои сакаат да добијат информации во врска со сексуалното и репродуктивно здравје и права, се мотивирани да бидат волонтери во ХЕРА, сакаат да работат во тим и знаат да исполнуваат задачи навреме.

Заинтересираните, најдоцна до 30 ноември 2017 година, треба да испратат пополнета пријава за присуство на врсничката едукација.

Документите со назнака на пораката „Повик за обука од областа на ССО“ можат да ги достават на seksualnoobrazovanie@hera.org.mk, со телефон и е-електронска пошта