Повик за учество на првиот климатски хакатон во Македонија

Започна пријавувањето за учество на првиот хакатон за климатски промени во Македонија, на кој ќе се развиваат нови идеи и модули за надградба на апликацијата „Патувај Зелено“.

Хакатонот ќе трае 48 часа и ќе се одржи во Ценарот за Социјални Иновации – во склоп на Факултетот за информатички и компјутерски технологии (ФИНКИ), почнувајќи од 17:00 часот на 26 јуни.

Натпреварот е отворен и за поединци и за тимови. Единствениот услов за пријавување е во секој тим да биде вклучен барем еден Андроид програмер.

По завршетокот на 48-часовен хакатон, 50% од гласовите ќе бидат доделени од експертско жири, додека другите 50% од гласовите ќе бидат доделени од јавноста, преку социјалните медиуми.

Победничките решенија ќе бидат целосно развиени и ќе станат дел од Патувај Зелено 2.0.

Сите заинтересирани можат да аплицираат на следниот ЛИНК. Победничката идеја ќе биде наградена со 1.000 УСД, наградата за второ место ќе изнесува 750 УСД, а за трето 500 УСД.

„Патувај Зелено“, за прв пат беше пуштена во употреба минатата година со цел да им помогне на жителите на Скопје полесно да ја испланираат најбрзата, најефтината и најзелената рута до посакуваната дестинација, благодарејќи на Google Transit алатката. Апликацијата исто така нуди  корисни информации за автобуски постројки и места каде што можат да се изнајмат велосипеди.

Настанот е во организација на Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) во соработка со Министерството за животна средина и просторно планирање, Град Скопје и ФИНКИ.