Повик за учество на обука за сеопфатно сексуално образование

Во рамки на својата програма за неформално сеопфатно сексуално образование (ССО), ХЕРА објавува повик за учество на обука од областа на ССО.

Обуката опфаќа:

  • Дводневна работилница за запознавање со седумте компоненти на ССО: род, сексуално и репродуктивно здравје, граѓански аспекти, задоволство, насилство, врски и односи и различност. 
  • Обуката ви носи и можност по нејзиното поминување да станете дел од тимот на волонтери ХЕРАМлади.

Обуката ќе се одржи на 28 и 29 април 2018 година во Битола од 9 до 16 часот. Учесниците кои ќе ја поминат, ќе добијат сертификат. Обуката е бесплатна:
сите трошоци, освен за пат и сместување, ќе бидат покриени од страна на ХЕРА.

Може да се пријават сите млади кои:

  • се на возраст од 17 до 23 години,
  • сакаат да добијат информации од полето на сексуалното и репродуктивно здравје и права,
  • се мотивирани да бидат волонтери во ХЕРА,
  • сакаат да работат во тим, знаат да исполнуваат задачи навреме.

Најдоцна до 23 април 2018 година, заинтересираните треба да испратат:

  • Пополнета пријава за присуство на врсничката едукација

Бројот на учесници е ограничен. Потребно е да се наведе и телефон и е-пошта за контакт.

Документите со назнака на пораката повик за обука од областа на ССО може да ги доставите на seksualnoobrazovanie@hera.org.mk