Повик за учество на конференцијата Summer Work and Travel Talks

Summer Work and Travel Talks е конференција која за прв пат е организарана од СВТ Алумни во соработка со Амбасадатa на САД. Настанот е наменет за сите кои се, биле или сакаат да бидат дел од програмата Summer Work and Travel USA како и за сите оние кои сакаат да ги слушнат бизнис приказните на шест успешни млади од Македонија.

Шест говорници ќе зборуваат за тоа со што се соочиле на патот кон успехот и како од студенти кои биле дел од W&T програмата успеале да го остварат својот сон во Македонија.

Воедно, ќе биде поставена и изложбата на најдобрите 10 фотографии од фото натпреварот „My USA Trip” организиран од СВТ Алумни, при што најдобрите три фотографии ќе бидат свечено прогласени и наградени.

„Она на кое што сме особено горди е што на оваа конференција ќе биде промовирана првата во светот веб апликација наменета за студентите кои се дел од W&T прорграмата. Бета верзијата на апликацијата ќе биде ексклузивно наменета за студентите од Македонија кои ќе бидат дел од програмата во 2019 година. Бидејќи не сакаме да ги откриваме сите детали сега, придружете ни се за да дознаете повеќе“, велат од СВТ Алумни.

Конференцијата ќе се одржува во Даут-Пашин Амам (Национална галерија на Македонија), на 19-ти мај, со почеток во 17.30 часот.

Влезот е слободен, но потребно е да се регистрирате на следниот ЛИНК  најдоцна до 16-ти мај.