Повик за учество на графити уметници во младинскиот предизвик #ПречкртајНасилство

„Младите луѓе треба да бидат инспирација за позитивна промена во нашето општество“, е идејата на Ники, Мила, Сара и Бојан поради која решиле да учествуваат во глобалниот Младински Предизвик „Generation Unlimited“ (www.genunlimited.mk) чија цел е да ја ослободи креативноста и идеите на младите луѓе низ светот.

Нивната идеја е младите активно да се вклучат како „решавачи” на проблемот со насилство врз и помеѓу деца, да ја поттикнат свеста и да му стават крај (#ENDViolence).

#ПречкртајНасилство е меѓу петте избрани идеи од Македонија кои имаат можност да станат реалност. Ова е првиот Младински Предизвик кој се одвива во 16 земји низ светот.

Со поддршка на УНИЦЕФ, СмартАп Лабораторијата за иновации, СГГУ „Здравко Цветковски“ како и психолози, социјални работници но и креативци, организираат еднодневна графити работилница. Целта е со поддршка на менторите и психолозите, да се создадат и нацртаат пораки против насилство.

„Длабоко веруваме дека уметноста може да биде медиум со кој би помогнале за решавање на овој проблем. Нашата цел е да поттикнеме култура на толеранција и емпатија, а притоа на младите таленти да им дадеме простор каде можат да се изразат и да ги пренесат своите приказни“, велат Ники, Мила, Сара и Бојан.

Тие ги повикуваат сите графити уметници да се пријават, а апликацијата е достапна на следниот ЛИНК.

Крајниот рок за пријавување е 28 јануари.