Повик за учесници во Новинарски клуб

Радио МОФ, во рамки на проектот „Empowering youth for social engagement through media“ поддржан од National Endowment for Democracy, објавува повик за членови во Новинарски клуб во Скопје.

Членовите на клубот ќе имаат можност да се здобијат со практични знаења во областа на новинарството и да работат со Огнен Јанески кој ќе ги води низ процесот.

Средбите на клубот ќе се одвиваат на неделно ниво во просториите на Радио МОФ во Скопје во периодот октомври 2019 година- мај 2020 година. Во овој период членовите ќе имаат можност да работат на изработка на вести, подкасти, емисии, видеа и истражувачки стории кои ќе бидат објавувани на Радио МОФ. Членството во новинарскиот клуб е бесплатно.

Пред почетокот на средбите на клубот, учесниците ќе треба да посетат тродневен тренинг каде што ќе се здобијат со практични знаења за пишување на вести, идентификување на јавниот интерес и креирање на продукт според новинарските стандарди.

Заинтересираните апликанти треба да ги исполнат следните услови:

  • Да се студенти по новинарство или туку што дипломирани новинари;
  • Да покажуваат интерес и разбирање за новинарство;
  • Да се во можност да учествуваат на трите денови од тренингот во закажаниот термин.

Работниот јазик на средбите во клубот и тренингот ќе биде македонски.

Сите заинтересирани можат да се пријават најдоцна до 6-ти октомври 2019 година (недела), преку пополнување на апликацијата на следниот линк. Доколку имате прашања можете да не исконтактирате на ivona_kuzmanovska@mof.org.mk или на телефонскиот број 02/3139 692.

Радио МОФ е алтернативен онлајн медиум кој преку продукција на независни и објективни програмски содржини, водени токму од млади автори, се обидува да понуди квалитет, диверзитет и етичност во младинското информирање, со цел да се развијат дискусии кои ќе бидат од корист за младата генерација.

Радиото продуцира и споделува музички и информативни содржини на www.radiomof.mk.