Повик за учесници во целодневна работилница „Индустриски дизајн“

Младински образовен форум објавува повик за пријавување на учесници на работилницата за индустриски дизајн,  како дел од целодневниот настан Станица:Студентска, кој ќе се одржина 30 март (среда).

Работилницата ќе се одржи на од 12 до 17 часот, во Јавна соба, во склопна „Станица: Студентска 4.0“, а избраните учесници ќе бидат поделени во тимови од по тројца студенти во текот на целата работилница. Кандидатите што сакаат да се пријават индивидуално ќе треба да ја пополнат апликацијата на следниот линк. Доколку сакате да пријавите тим од тројца студенти тоа може да го сторите на овој линк.

Бројот на учесници е ограничен, a учеството е бесплатно. Обуката ќе се одвива на македонски јазик.

Индустрискиот дизајн е конструкцијата на ситеп роизводико и ги користат луѓето во текот на својот живот. Секој производ има своја намена, цел и животен век и затоа неизбежен е нивниот развој и нивното унапредување и пренаменување.

На оваа работилница учесниците ќе можат да се запознаат со дел од процесот на дизајнирање на производите со цел да создадат производ чија задача ќе биде да го олесни животот на студентите кои живеат во студентски дом.

Станица:Студентска е настан кој има цел промовирање на активностите на студентите, студентските организации и студентските иницијативи, како и унапредување на младинското здружување и дејствување. Настанот е можност за студентите да ги споделат своите знаења со своите колеги и да го зголемат своето познавање во различни области. Исто, студентите ќе можат директно да се запознаат со студентските организации, како и да се зачленат во некоја организација.

За повеќе информации контактирајте не на 02/3139 692 или на Aleksandra_filipova@mof.org.mk . Потврда за учество ќе им биде испратена на одбраните апликанти веднаш по истекот на рокот за пријавување.