Повик за учесници на видеоработилница „In Video Veritas“

Младински образовен форум организира видеоработилница за подобро препознавање и справување со дезинформации пласирани во медиумите која ќе се одржи од 18-20 јуни, 2018 во Велес.

На обуката ќе се зборува за дезинформациите и какво влијание имаат врз нашето население и врз светот. Обуката ќе служи за теоретска поткрепа на учесниците и изучување на изработка на видеа, вештини кои ќе се употребат и во текот на самата обука. Право на учество имаат лица на возраст од 15 до 25 години кои сакаат  да научите нешто повеќе за дезинформации, медиуми, како и да учествуваат во тимот кој ќe снима и монтирa видео материјал од областа на дезинформациите.

Што?

За време на тридневната работилница, младите учесници ќе научат што се тоа дезинформации и како се снима и монтира кратко видео.

Каде?

Работилницата ќе се одржи во малата сала на Општина Велес.

Кога?

Од 18-ти до 20-ти јуни.

Кој може да аплицира?

Млади од Велес на возраст од 15 до 25 години

Како се аплицира?

Аплицирањето се врши на следниот линк најдоцна до 16.06.2018 (сабота).

Освежувањето е обезбедено од страна на организаторите. Пријавените треба да присуствуваат на целата работилница. Работен јазик е македонски.

Повеќе информации за повикот на fari_hiseni@mof.org.mk, 071 396 612

*Оваа активност е дел од Нeделата на граѓански организации поддржана од Проектот на УСАИД за граѓанско учество – серија од настани кои ја промовираат работата на граѓанските организации пред пошироката јавност, организирани во периодот од 18-23 јуни 2018 низ Република Македонија.