Повик за пријавување на шестото издание на Филмскиот фестивал за млади „Џифони Македонија“

Филмскиот фестивал за млади „Џифони Македонија“ отвори повик за пријавување на 650 учесници за шестото издание на фестивалот кое ќе се одржи од 6-11 Октомври во МКЦ – Младинскиот Културен Центар, Кинотеката на Македонија, Кино Милениум и уште неколку локации во Скопје. Темата на овогодинешното издание на фестивалот е „Вода“ (Aqua).

На фестивалот се поканети и млади учесници од 16 држави од Европа кои заедно со младите од Македонија ќе го сочинуваат меѓународното жири распределено во три категории според возраста. Тие заедно ќе гледаат филмови, ќе дискутираат на темите претставени со филмовите, ќе учествуваат во 11 различни работилници, ќе се дружат и ќе се забавуваат.

Десет учесници од Македонија кои најмногу ќе се истакнат со своите елоквентни дискусии и активности за време на фестивалот, ќе патуваат во Италија во јули 2019 како македонски претставници на најголемиот фестивал за млади Giffoni Experience.

Пријава за учесници од основните и средните училишта: https://goo.gl/nFJe7x

Повик за волонтери на Џифони Македонија  2018

Џифони Македонија е во потрага по волонтери, ентузијасти (18+) кои би сакале да се приклучат и да бидат дел од тимот на фестивалот.  Пожелно е познавање на англиски јазик, како и желба за дружење и со млади луѓе од преку 15 земји од Европа.

Пријава за волонтери: www.goo.gl/q9wJkY

Филмскиот фестивал за млади „Џифони Македонија“ како гранка на фестивалот „Giffoni Experience“ веќе шест години опстојува и работи на развој на филмската култура и неформалното образование кај младите генерации во Македонија со поддршка од Агенцијата за филм на Република Македонија и најголемиот фестивал за млади „Giffoni Experience“ од Италија.