Повик за новинар во Радио МОФ

Младински образовен форум објавува повик за новинар во Радио МОФ.

Радио МОФ претставува независен онлајн медиум кој споделува информативни и музички содржини, достапни на www.radiomof.mk. Програмата се состои од вести, покривање на актуелни настани и теми од областа на млади, образование и култура продуцирани од новинари и млади луѓе.

Новинарот во Радио МОФ ќе биде ангажиран на определено работно време до 31 октомври 2022 година со можност за продолжување на договорот во зависност од перформансот и финансиските можности на организацијата. Новинарот е предвидено да започне со својот ангажман на крајот на април 2022 година.

Опис на обврските на новинарот се:

  • Работи на мултимедијални теми, истражувања и следи настани кои се од интерес на младите и граѓаните, во согласност со уредувачката политика на Радио МОФ;
  • Работи на зголемување на видливоста на медиумот на социјалните мрежи;
  • Учествува во организација на настаните и едукативните активности (обуки, менторства, посети) на Радио МОФ, но и на оние во кои Радио МОФ е медиумски партнер и соработник.

ПРОФИЛ, ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ И ВЕШТИНИ:

  • Навршени 18 (осумнаесет) години;
  • Минимум завршено средно образование, високо образование ќе се смета за предност, особено во областите на новинарство, комуникации, медиуми;
  • Искуството со работа во медиум е пожелно и ќе се смета за предност;
  • Искуство со работа со мултимедијални содржини е пожелно и ќе се смета за предност;
  • Познавање и применување на професионалните и етичките стандарди на новинарската професија и силен интерес за покривање и известување на младински, образовни и граѓански теми;
  • Познавање на веб-новинарството и функционирањето на социјалните мрежи. Предност ќе имаат кандидатите кои имаат работено мултимедијални стории и имаат практично искуство и вештини во користење фото/видео опрема и софтвер за мултимедијална обработка;
  • Одлични комуникациски вештини, со високо ниво на говорен и пишан македонски и англиски јазик;
  • Способност за работа во тим составен од повеќе членови;
  • Исполнување на полно работно време (40 часови неделно);
  • Можност да работи за време на викенди;
  • Можност да патува во рамките на државата и надвор од неа, за потребите на Радио МОФ и Младински образовен форум.

Ангажманот на новинарот е 40 часа неделно и за истиот е предвиден финансиски надоместок во износ од 20.000 до 22.000 денари нето во зависност од искуството и образованието на кандидатот.

Заинтересираните кандидати треба да се пријават најдоцна до 15.04.2022 година (петок, 23:59 часот) на info@mof.org.mk и teodora_stolevska@mof.org.mk, со праќање на:

  • Биографија (CV);
  • Портфолио (составено од свои текстови, аудио и/или видео прилози и инфографици)

Кандидатите кои ќе влезат во потесен круг ќе бидат поканети на интервју.

Доколку имате одредени прашања можете да се обратите на горенаведените мејлови.