Повик за нови членови во „GLOW & YMLP Club Skopje“

„GLOW & YMLP Club Skopje“ објавува повик за нови членови на клубот за оваа година. Сите што учат во 8мо одделение, 9то одделение или се средношколци во Скопје, се ентузијасти за лидерство, волонтерство и дружба можат да се приклучат. Во понеделник (17.9) во 17 часот, во Американското катче во Скопје, ќе се одвива првата средба како еден вид запознавање со програмата и клубот.

„GLOW & YMLP Club Skopje“ е клуб во американски стил кој промовира важни вредности како граѓанска одговорност, личен развој, младинско вработување и еколошка свест. Во текот на годината, се случуваат повеќе активности распоредени низ месеците, организирани од менторите и лидерите на програмата, како и членовите.

Преку лето, програмата за младински развој на GLOW и YMLP организира кампови за млади. Целта е да се пронајде и развие потенцијалот во младите луѓе овозможувајќи им пристап до вештини и знаење потребно да се биде лидер во заедницата. Ова се реализира преку практична настава која промовира разновидност, гради академски и социјални компетенции и ја промовира писменоста на англиски јазик.