Повик за истражувачки новинарски стории: „Младите во фокусот на јавноста“

Фондацијата за демократија на Вестминстер во рамките на проектот „Зголемено политичко учество на младите“ поддржан од Владата на Обединетото кралство на Велика Британија и Северна Ирска објавува повик за истражувачки новинарски стории кои ќе се фокусираат на приоритетите и проблемите на младите луѓе во земјата и јавните политики и финансии поврзани со нив.

Во рамките на овој повик предвидено е да бидат поддржани до пет истражувачки стории кои би требало да се фокусираат на предизвиците и проблемите со кои се соочуваат младите во Северна Македонија и јавните политики и средства посветени на нив.

Целта на истражувачките стории е да ја зголемат јавната видливост на потребите и  проблемите на младите луѓе во земјата, особено за оние прашања кои не се соодветно адресирани или не се доволно застапени во јавниот дискурс. Сториите треба да ги истражат овие прашања, како и политиките и средствата кои се наменети за нив, низ призма на решавање и подобрување на статусот на младите по тие прашања. Предност ќе се даде на стории кои аналитички пристапуваат кон проблемите на младите луѓе, го застапуваат мислењето на млади лица во изработката на сторијата, ја опфаќаат работата на надлежните институции по конкретното прашање и можат да се осврнат на јавните политики и средства поврзани со прашањето.

Фокусот на сторите може да биде на национални или локални прашања кои се од интерес на младите, како на пример: квалитет на живот, младинско организирање и учество, образование, вработување, културен живот, дискриминација, ментално здравје и останати прашања.

Продуктите од истражувачките стории можат да бидат видео или аудио прилози, како и пишани прилози во печатен или онлајн формат. Краен рок за испраќање на апликации е 10-ти февруари 2020 година, до 23:59 часот.

Повеќе информации за повикот и начинот на аплицирање може да се најдат во документите подолу.

Повикот за аплицирање може да го преземете ТУКА
Формуларот за апликацијата може да го преземете ТУКА