Повик за апликанти за младинските лидерски кампови GLOW и YMLP

Младинската асоцијација ИМКА во партнерство со Мировниот Корпус на Македонија го објави повикот за апликанти за младинските лидерски кампови GLOW (Girls Leading Our World – Девојките го водат светот) и YMLP (Young Man’s Leadership Project – Младинскиот лидерски проект). Повикот се однесува за 160 средношколци од државава.

Кампот YMLP ќе се одржи во периодот од 14-21 Јули, а кампот GLOW ќе се одржи од 25 Јули до -1 Август во Крушево.

Организаторите посочуваат дека благодарение на корпоративните спонзори, поголемиот дел од трошоците се покриени и камперите треба да платат само партиципација од 2.000 денари. Трошоците вклучуваат: сместување, три оброци и две ужини дневно, потребни материјали, програмски трошоци и групно осигурување за времетраење на кампот.

Објавениот повик и апликацијата може да се најдат на следниот ЛИНК. Крајниот рок за аплицирање е 10-ти мај.

Мисијата на ИМКА и на камповите GLOW и YMLP е оспособување на младите луѓе и развивање на вродениот потенцијал кој тие го поседуваат преку обезбедување на вештини и знаења неопходни за да станат активни лидери во нивните средини. Ова се прави преку искуствено образование кое промовира разноликост, гради академски и социјални вештини кај младите.

Ова се реализира преку осумдневни, мултикултурни кампови кои промовираат лидерство, граѓанско учество и пријателство.

GLOW и YMLP ги спроведува Младинската асоцијација ИМКА во партнерство со Мировниот Корпус и се реализирани од ИМКА, Волонтери на Мировниот Корпус и GLOW & YMLP кампери алумни. Наставата вклучува граѓанска одговорност, лидерство, животна средина, младинска вработливост, личен развој и оспособување на девојките. Дополнително, камповите обезбедуваат можности за кампување на отворено, тимска работа, учење различни спортови и рекреација, уметничко изразување и други корисни и практични вештини.