Повик за аматерски краткометражни видеа/влогови на тема „Јас и Скопје”

Која е твојата скопска приказна за време на Ковид-19? Маало, прошетки, парк, истражување непознати месета…

Здружението Лидери за едукација, активизам и развој отвори повик за изработка на аматерски краткометражни видеа/влогови.

Во потрага се по 10 млади ентузијасти кои ќе бидат дел од натпреварот „Јас и Скопје” и ќе продуцираат аудиовизуелна содржина во форма на краткометражно видео/ влог во кој ќе го претстават начинот на живеење во градот Скопје во услови на пандемија.

„Ве мотивираме да ги прикажете местата кои сте ги посетиле во последните 4-5 месеци, можностите што градот Скопје ви ги понудил во услови на социјално дистанцирање, како и секојдневните рутини кои преовладувале на улиците во услови на справување со вирусот Ковид-19“, стои во повикот.

Тој е отворен за млади од 15-29 години со и без претходно искуство и  без оглед на опремата која ја поседуваат. Видеата може да бидат изработени и со аматерска опрема за снимање, вклучувајќи и мобилен телефон. Краткометражните видеа треба да бидат со времетраење од 10-20 минути.

За учество на натпреварот потребно е да се пополни следнава АПЛИКАЦИСКА ФОРМА и да се испрати на info@lead.org.mk со назнака „Учество на натпреварот Јас и Скопје“, најдоцна до 15.09.2020.

Изборот на апликации кои ќе учествуваат во натпреварот и ќе преминат во втората фаза, која подразбира изработка на видеото, ќе бидат избрани врз база на следниве критериуми:

1. Деталност и јасност на доставениот концепт за видео  10 поени
2. Релевантност на доставениот концепт за темата на повикот – 15 поени;
3. Креативен пристап за промоција на градот Скопје – 25 поени;

За евалуирање на изработките ќе биде формирана комисија која ќе ги оценува краткометражните видеа според следниве критеируми.

Избраните апликации (вкупно 10) ќе учествуваат на еднодневен вебинар за изработка на креативни видео содржини и ќе добијат рок од 30 дена за да го претворат концептот со кој аплицирале на овој повик во видео содржина. Креираните содржини ќе се натпреваруваат за најдобро видео, а за победникот на натпреварот предвидена е награда во вредност од 12.000 денари.

Оваа активност се реализира со финансиска поддршка од Град Скопје, преку Програмата за поддршка на граѓански организации и млади.