Повеќе од 143 илјади родители добиле СМС порака за успехот на своето дете

Повеќе од 143 илјади родители известени преку СМС за успехот на нивното детеНема повеќе лажење за оценките на училиште – повеќе од 140 илјади родители веќе добиле СМС-пораки со кои се известуваат за поведението и успехот на учениците.

Министерот за образование и наука Спиро Ристовски ги повика родителите на учениците да достават броеви од мобилните телефони или електронски адреси до матичните училишта, за да може да добиваат информации за успехот и редовноста на нивните деца.

„Одлично се одвива целиот процес, СМС-пораки се дистрибуирани до повеќе од 143 илјади броеви, а и известувања по имејл-адреси. Задоволството на родителите е евидентно и до нас стигнуват позитивни информации. Апелирам до родителите кои се уште немаат доставени броеви, а сакаат, тоа да го направат во матичните училишта и внимателно да ги наведат броевите зашто констатиравме и неточни“, изјави Ристовски.

Министерството за образование ја воведе услугата СМС-порака преку трите мобилни оператори во понеделникот.