Последната турнеја на Motörhead е документирана во нов албум и филм

Motörhead ќе објави албум со настапи во живо и филм снимен на два концерти во текот на нивната последна турнеја.

Фронтменот на бендот, Леми Килмистер, почина на 28 декември минатата година. Последниот концерт на бендот се случи во Берлин порано истиот месец (11 декември). Сепак, токму настапите на бендот во Минхен, кои се случија на 20 и 21 ноември, се документирани во филмот кој ќе биде наскоро објавен.

Наречен Clean Your Clock, филмот и албумот ќе бидат пуштени во продажба како двострана плоча, CD , DVD и blu-ray издание.

Извор: NME