Порамнување на пет планети прв пат по десет години

Пет планети ќе бидат видливи на ноќното небо во наредните две недели, во ретко астрономско порамнување кое се нема случено веќе една деценија.

Меркур, Венера, Марс, Јупитер и Сатурн ќе бидат порамнети за прв пат после 2005 година.

Порамнувањето било видливо прво во Британија пред изгрејсонце утринава (20 јануари), но астрономите велат дека најдобрата глетка ќе биде видлива утрото на 5 февруари. Порамнувањето ќе трае до 20 февруари.

Планетите формираат дијагонална линија од месечината кон хоризонтот. На чисто небо може да биде видлива со голо око.

Најдобро време да се гледа порамнувањето е околу 6:45 наутро, токму пред изгрејсонце, во наредните неколку недели. Највидлива е Венера.

Четири од петте планети веќе биле видливи изминатите недели, но Меркур им се придружи утрово.

Извор: Telegraph