Полуматурантка беше исмеана поради „свечениот фустан“ кој го донираше за болните деца

Како ги одгледуваме нашите деца, праша еден татко од Какањ, Босна и Херцеговина, откако неговата ќерка доживеа непријатно искуство на прослава на полуматуратa, поради својот неверојатно благороден гест.

Лејан е девојче од Какањ, која покажала зрелост каква што ретко се среќава и кај многу повозрасни од неа. За тоа што навистина се случило, на Фејсбук сподели нејзиниот татко, Енис Козлиќ, во намера да ги пренесе позитивните вредности, а статусот брзо се прошири и надвор од границите на Босна и Херцеговина. Тој е споделен повеќе од две илјади пати и има повеќе од 24.000 реакции.

Неговите зборови ги пренесуваме во целост:

„ Ова е мојата ќерка Лејан,  полуматурантка во ОУ „Хамдија Крешевљаковиќ” во Какањ. Како и секој родител чие дете е полуматурант, и дадовме пари за да купи свечена облека за прославата.

По два дена Лејан изрази желба парите да ги донира за децата кои се лекуваат од рак, верувајќи дека ним им се потребни повеќе од свечената гардероба за една ноќ.

Се разбира, како родители тоа го поддржавме, среќни и горди затоа што го видовме плодот на нашето многугодишно воспитување.  На полуматурата таа отиде во фармерки и маичка.

Гледајќи ја така скромно облечена, мајката на момчето со кое требаше да прошетаат низ градот како нејзин придружник, му забрани на својот син да ја одигра улогата на придружник исмејувајќи ја и нарекувајќи ја „простачки облечена што дошла на прослава без фустан“.

Кога го слушнав ова, се прашав што е со децата кои не можат да си дозволат скапа гардероба за таа вечер?!

Се прашував, кои сме ние за да оценуваме нечиј изглед, и на што ги учиме нашите деца?

Порака до госпоѓата: Ако нема вакви хумани луѓе, многу деца денес нема да имаат шанса да живеат. Молете се на Бога да не бидете на другата страна на приказната.

Горди родители!“