Полска со закон го решава проблемот со визуелното загадување од огромни банери и реклами

Градот Гдањск во Полска направи огромна промена во својот изглед изминативе месеци по усвојувањето на закон со кој речиси сите реклами со голем формат се отстранети од централните области.

Некои од нив покриваа буквално цели згради со децении и сега конечно граѓаните може да ја видат автентичната архитектура и се покажало дека некои од зградите се всушност многу добро дизајнирани.

Pogromcy udali się do Gdańska sprawdzić jak Uchwała Krajobrazowa wpłynęła na przestrzeń miasta. Przykładów jest tak dużo…

Posted by Pogromcy Reklamozy on Thursday, January 14, 2021

Состојбата со пандемијата го забавила процесот, па се уште има реклами што не се во согласност со новите регулативи. Но, локалните власти продолжуваат со отстранувањето, а во тоа може да им помогнат и граѓаните така што онлајн може да пријават локација со незаконски поставени реклами.

Фејсбук страницата „Pogromcy Reklamozy“ ги следи и документира промените во Гдањск. Групата, исто така, ги истакнува јавно сите незаконски реклами што се поставуваат низ градот.

„Ние сме група луѓе кои еден ден одлучија дека не можеме да го издржиме таканареченото визуелно загадување во нашиот град и сакаме да направиме нешто за тоа, наместо само да се жалиме“, рече еден од членовите на тимот за Bored Panda.

„Нашите главни цели се, од една страна, борба против визуелното загадување и, од друга страна, промовирање на построги регулативи и прикажување позитивни примери. Немаме никакво надворешно финансирање, дури и не собираме пари на некоја од тие платформи за прибирање средства. Инвестираме сопствено време и пари“, посочуваат тие.

Во 2015 година, во Полска беше донесен закон со кој се налага отстранување на банери и реклами кои се несоодветно поставени, иако Гдањск, на пример, има своја верзија на законот.

Досега само 32 градови од скоро 1.000 во Полска ја искористиле оваа можност и примениле вакви регулативи. Над 600 не започнале да работат на тоа, а некои претставници тврдат дури и дека не се заинтересирани да ги вметнат.