Политичари заборавија да исклучат „cat filter“ на прес-конференција на Фејсбук

Претставниците на пакистанската владејачка партија заборавија да го исклучат „cat filter“ за време на прес-конференцијата која беше емитувана во живо преку Фејсбук.

Пакистанскиот политичар Шаукат Јусуфзаи и неговиот колеги се појавија со „cat filter“ за време на прес-конференцијата. Министерот за информации, Јусуф Шаукат Заи и член на владејачката партија во Пакистан на конференцијата пренесувана на социјалните мрежи  разговарале со локалните новинари.

Настанот станал чуден кога ушите и мустаќите на мачката се појавија на главата на министерот.

Авто-филтерот потоа го фатил и неговиот колега, чие лице исто така добило мачји уши и мустаќи.

Видеото брзо стана вирално на социјалните мрежи, но подоцна е избришано од официјалниот сајт на оваа политичка партија.