[Подкаст] Што е муабетот со изолацијата поради коронавирусот

Градинките, училиштата и факултетите се затворени, забранети и откажани се сите јавни, но и приватни настани, кафетериите и рестораните работат со скратено работно време, до 18 часот. Препораките се повторуваат постојано, стојте подалеку од луѓе и останете дома ако сте биле во близина за заболен од новиот корона вирус ковид 19. Што е муабетот со изолацијата во време на коронавирус, објаснува директорката на Клиниката за инфективни болести, Милена Стевановиќ. Ја снимавме на телефон, сепак е време на посебни мерки кои треба да го спречат ширењето на вирусот.