Подкаст на „Младински Сојуз“ со Хамди Сулејмани: Корупцијата и негрижата за младите ги брка од Тетово

„Лидерите кај нас не се фокусираат на сите граѓани, туку првенствено на своите партиски членови, а
корупцијата е дефинитивно главната причина зошто младите луѓе од Тетово и целата земја наместо
секојдневно да патуваат до своите работни места, избираат да купат билет во еден правец и да се упатат
кон автобуската станица или меѓународните аеродроми“, вели Хамди Сулејмани, архитект и активист на
независната советничка група „Подобро за Тетово“ во подкастот реализиран од страна на Младинскиот
сојуз.

Архитектот и граѓански активист Сулејмани, во подкастот посочува дека во изминатите 10 години многу млади луѓе го напуштиле Тетово бидејќи за да завршат одредена работа во некоја институција или за да се вработат им се бара партиска книшка.

„Исто така, појавата ‘пари во индекс’ е реален проблем, но мора да потенцираме дека има две страни
кои се соучесници во ова – оној кој става пари во индекс, но и оној кој ги прима парите. Мене лично
секогаш кога ми се случил коруптивен однос, веднаш сум го пријавил, но резултатот бил буквално нула“, потенција Сулејмани.

Целиот видео подкаст е достапен на „Јутјуб“