[Подкаст] Мегафон: Младите од поголемите да се грижат за младите од помалите места

Скорeшната дискусија по повод новиот Документ за јавни политики „Младинска вклученост во единиците на локалната самоуправа“ од Младинскиот Образовен Форум повторно ја поттикна темата за младите и нивниот интерес за вклучување во општеството, а застојот во имплемeнтирањето на Законот за младинско учество и младински политики го „сервираше“ на тркалезна маса. Имено, и по 2 години од усвојувањето на Законот, само во 10 општини има формирано Национален младински совет, а истовремено земјава бележи тренд на намалување на бројот на младо население, односно негово иселување.

Зорана Антовска беше една од учесничките во дискусијата, воедно таа е дипломиран политиколог, а во моментов и студентка на мастер студии по Меѓународни односи, европски интеграции и дипломатија и со неа во оваа епизода на Мегафон разговараме за позицијата на младите од помалите населени места и нивната инволвираност и ангажман во општеството.

Ангела Бошкоска