Почнува нов Европски филмски предизвик кој го носи победникот на Сараевскиот филмски фестивал

Почнува новиот Европскиот филмски предизвик кој трае од 20 март до 29 мај, а најпосветениот љубител на европската кинематографија ќе има можност да го посети Сараевскиот филмски фестивал кој се одржува август, соопштија од Центар за социјални иновации „БЛИНК 42-21“.

Предизвикот ќе трае 10 недели за кое време ќе треба да се погледнат 10 европски кинематографски остварувања на фестивали, во кино сали, телевизија или на легални онлајн платформи за што се добиваат различен број на поени, велат од Центарот.

„Првиот чекор за да се учествува на натпреварот е секој заинтересиран да се регистрира на официјалната веб-страница https://europeanfilmchallenge.eu/mk/login за што е потребно да имате најмалку 18 години. Понатаму секој  треба да изгледа 10 филмови кои ќе ги внесе на својот профил и за секој филм да го „прикачи“ насловот заедно со фотографија што докажува дека го гледал филмот и да го наведе местото или платформата на која го гледал“, објаснуваат од „БЛИНК 42-21“.

Европскиот филмски предизвик е млада филмофилска заедница на вљубениците во европскиот филм желни да го доживеат киното од првите редови преку содржини од зад сцената, препораки и ексклузивен пристап до филмови и фестивали.

Проектот во земјава го имплементира Центарот за социјални иновации „Блинк 42 – 21“ заедно со европски партнери во 13 држави преку поддршка на програмата на МЕДИА – Креативна Европа и Европската филмска индустрија.