Од денеска, 16 до 21 февруари во организација на Детскиот културен центар „Карпош“ – Скопје на Попова Шапка ќе се одржи традиционалната детска манифестација „Снежен град“.
Снежниот град ќе го градат ученици од повеќе училишта од Скопје и други места, кои ќе бидат распоредени во екипи од по десетина деца со свој ментор. Во недела, градителите ќе го предадат клучот од Снежниот град на посетителите што на симболичен начин претставува отворање на овој град за сите заинтересирани и ќе почне Снежниот карван, кој ќе се одржува до 28 февруари.
Во рамките на манифестацијата ќе се одржат и многу други активности како избор на снежна убавица, спортски игри, пинг-понг, билијард, рачен фудбал и пикадо, Снежен крос, Најслатка бонбона, Снежно бинго, Бал под маски и диско-забава.