Почна пријавувањето за „Прв до врв Водно“

Во тек е пријавувањето за десеттото издание на „Прв до врв“ на Водно, кое оваа година ќе се одржи на 15 мај.

Според организаторите, традиционално, на програмата на најмасовниот планински настан во регионот се трките во планинско трчање, планински велосипедизам, друмски велосипедизам, електрични велосипеди и тим-билдинг трката за компании.

Пријавувањето за трките се одвива преку веб-страницата www.prvdovrv.mk.

Настанот го организира здружението за спорт и рекреација „Прв до врв“ од Скопје.