Починати се 15 лицa и регистрирани нови 356 случаи на Ковид 19

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа од Ковид 19 починаа 15 лица, пет пациенти од Скопје (65, 64, 82, 60 и 66г), еден од Куманово (73г), три пациенти од Тетово (78, 36 и 61г), еден од Прилеп (69г), еден од Кавадарци (73г), еден од Кичево (51г), еден од Крива Паланка (79г), еден од Делчево (46г) и еден пациент од Кратово (59г).  Од нив двајца се починати вон, останатите се починати во болнички услови.

Во последното деноноќие се направени 1906 тестирања, а регистрирани се 356 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-171, Куманово-12, Тетово-19, Прилеп-15, Гостивар-6, Штип-7, Битола-4, Велес-10, Охрид-20, Струмица-8, Кавадарци-19, Струга-10,  Кочани-2, Кичево-10, Свети Николе-1, Гевгелија-3, Неготино-3, Ресен-3, Крива Паланка-3, Радовиш-3, Берово-4, Делчево-3, Пробиштип-7, Виница-3, Демир Хисар-1, Кратово-1, Крушево-4, Македонска Каменица-1, Демир Капија-1, Пехчево-2.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 587 оздравени пациенти. Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 89817, бројката на оздравени пациенти е 75387, на починати е 2754, а бројот на активни случаи изнесува 11676. Најголем број активни случаи на Ковид 19 има во Скопје 6767, Тетово 463 и Куманово 429.

Направените 1906 теста се преку: ИЈЗ-468, ЦЈЗ Скопје-48,  Авицена-183, Биотек-134, МАНУ -120,  Жан Митрев (Филип Втори)-83, Систина со PCR метода -166, лабораторија Лаор –52, Судска медицина-9, ЦЈЗ Битола-60, Инфективна клиника-5, ГАК-0, Синлаб-38, Ремедика-16, лабораторија болница Козле-19, ЈЗУ (рапид тест) -504, УК Пулмологија со алергологија –1, лаборатории од странство-0. Досега во земјата се направени вкупно 437.267 тестирања на Ковид -19.

Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 610 и има околу 603 празни болнички кревети во ковид центрите.