Почина влијателниот соул музичар Бил Витерс

Фамилијата на музичарот кој ќе се памети по песните „ Ain’t No Sunshine“, „Just the two of us“ и „Lean on me“, соопштила дека тој починал поради срцеви компликации.

Витерс има напишано неколку големи хитови меѓу кои и „Use me“ и освоено три „Греми“ награди. Во 2015, тој станал дел од Рокенрол халата на славата.

„Ние сме уништени од загубата на нашиот сакан, посветен, сопруг и татко. Тој беше осамен човек со срце поттикнато да се поврзе со целиот свет преку својата поезија и музика. Зборуваше искрено со луѓето и се поврзуваше со нив. Додека во приватниот беше опкружен само со најблиските, неговата музика припаѓа на светот. Во ова тешко време, се молиме неговата музика да понуди утеха и забава“, пишувало во соопштението на семејството.

Извор: Guardian