Почина продуцентот и диџеј Ендрју Ведерол

Ендрју Ведерол, еден од најпочитуваните британски диџеи и продуценти, почина на 56 години.

Музичарот со потекло од Виндсор, се прослави за време на „ејсид хаус“ ерата, кога соработувал со „Њу ордер“ и „Хепи Мандејс“.

Неговата продукција и ремикс на албумот „Скримаделика“ од „Прајмал скрим“, го издигна ова издание како дефинирачко за ерата, добивајќи ја наградата „Меркур“ во 1992.

Ведерол почина утринава, а смртта беше потврдена од неговиот портпарол.

Музичарот ја започнал својата кариера пеејќи со пост-панк бендови во локални уметнички центри, но се здобил со слава пуштајќи музика во алтернативните клубови во 1980 година.

Извор: BBC