Почина пејачот Масимо Савиќ

На 61-годишна возраст вчера почина познатиот хрватски пејач Масимо Савиќ. Савиќ почина во болница каде се лекуваше од рак на белите дробови. За смртта, преку Фејсбук соопштија неговата ќерка и сопруга.

„Нашиот татко, сопруг, гордост и љубов Масимо Савиќ нѐ напушти по кратка, но херојска борба“, пишува во Фејсбук објавата.

Масимо Савиќ е роден во Пула на 6 јуни 1962 година. По пристигнувањето во Загреб во раните осумдесетти, Масимо Савиќ ја основал групата „Доријан Греј“. Групата предводена од Масимо стана популарна веднаш по објавувањето на првиот албум „Сјај во темнината“ во 1983 година. Четири години подоцна го издава својот прв соло албум „Странец во ноќта“, проследен со „Зборови волшебни“ и уште четири албуми до 1995 година, кога Масимо го изведе истоимениот хит на албумот „Бензина“.

По 2003 година следуваат албуми со песни кои четири години по ред му ја носат наградата „Порин“. Во септември 2008 година, албумот „Сонцето повторно се раѓа“ носи нов студиски материјал и на 20-тото доделување на дискографските награди „Порин“ во Риека, Масимо повторно ја добива статуата за најдобра машка вокална изведба и станува музичар со најмногу освоени „Порини“ во таа категорија.