Почина Флоријан Шнајдер, еден од основачите на легендарниот германски електронски бенд Крафтверк, објави „Билборд“. Тој имаше 73 години.
Во изјавата, неговиот колега од Крафтверк, Ралф Хатер, потврди дека „неговиот пријател и придружник во текот на многу децении, Флоријан Шнајдер, почина од кратко боледување од рак, само неколку дена по неговиот 73 роденден“.
Шнајдер го формираше влијателниот мултимедијален проект со Хастер во 1970 година. Крафтверк беше заслужен за формирањето на пионерската електронска музика и имаше силно влијание на многу различни музички жанрови.
Македонската публика двапати имаше можност да ги види Крафтверк. Во 2005 година имаа незаборавен концерт на Скопскиот саем, а пред две години настапија и во салата „Борис Трајковски“.
[Фото] 3Д концертот на „Крафтверк“ – вонвременски и вонземски