Почина Елизабет Вуртзел, авторката на култниот роман „Prozac Nation“

Нејзиниот контроверзен мемоар кој беше објавен во 1994, доби пофалби бидејќи воведе неспоредлив стил на исповедно пишување кој сѐ уште е влијателен и започна разговор за клиничката депресија. Познатиот магазин „ЊуЈорк Тајмс“ во својата книжевна критика за „Prozac Nation“ ја опиша Вуртзел како „Силвија Плат со его на Мадона“.

Вуртзел почина во Њу Јорк на 52 годишна возраст, по долга битка со карциномот на градите.

Пред мемоарите да станат популарен книжевен жанр и пред да се појави сегашниот исповеден стил на пишување, „Prozac Nation“, книгата која Вуртзел ја објави на 27 години, стана вистинска сензација.

„Prozac Nation“ е прозорец кон скриениот свет на депресијата што зборува на јазикот на младите и луѓето низ цела Америка, кој повлече и негативна критика поради својата остра, саморефлективна природа.

Вуртзел пишуваше за прозакот, кој тогаш беше нов лек неодамна одобрен од ФДА,  како за лек кој се претвора во културен стандард според кој ќе се мерат идните разговори за антидепресивите и менталното здравје.

Елизабет Вуртзел

Вуртзел објави и други книги, меѓу кои и  „Кучка: во името на тешките жени“ (1998), збирка на феминистички есеи.

Таа беше амбасадор за BRCA генетско тестирање, кое пронаоѓа генетска мутација што ги прави жените предиспозиционирани жртви од карцином на градите. Елизабет беше дијагностицирана со синдромот во младоста.

Како што нејзината болест се повеќе прогресираше, таа продолжи да пишува за нејзините искуства со нескриена доверба.

„Дали знаете од што се плашам? – Ништо. Карциномот ми прилега. Одлична сум во борба. Оваа ќе трае целиот мој живот. Но јас се борам со самата себеси цело време, на различни начини. Навикната сум. Не се сеќавам на време кога моето тело не работело против мене. Јас ја прифаќам оваа нелагодност“ – пишува таа во свој есеј на Гуардиан, посветен на нејзината болест.

Луѓе од сите страни на книжевниот свет го оплакуваат нејзиното заминување.

„Не е можно да се објасни големината на влијанието кое Вуртсел го имаше во деведесеттите години“ – пиша писателката и новинарка, Ерин Блејмор. „Таа беше остра, сирова и искрена. Таа беше дел од специфичната форма на феминизам препознатлива за Генерацијата Икс; женственост, исповед и бес“.

Мемоарот „Prozac Nation“ доби филмска адаптација во 2001 во кој актерката Кристина Ричи ја играше улогата на студентката Елизабет Вуртзел.