Почина актерот Ванчо Петрушевски

Популарниот актер Ванчо Петрушевски почина на 67- годишна возраст.

Петрушевски е роден во Скопје. Веднаш по завршувањето на Високата музичка школа, отсек за актерски кадри во Скопје во 1975 година се вработил во Драмскиот театар во Скопје, каде неговиот талент го истакнал веќе во првата претстава „Ослободување на Скопје“ од Д. Јовановиќ.

Учествувал во голем број радио-драмски проекти, телевизиски драми и серии. Препознатлив е по своите улоги во Македонски народни приказни, како и во филмовите Тетовирање и Среќна Нова 49.

Во 2016 година освои Државна награда 11 Октомври за остварување во областа на уметноста и културата.

Веста за неговата смрт ја потврди директорот на Драмскиот театар Сашо Тасевски.