Почетен курс по мобилно новинарство

„Томсон фондација“ организира курс на кој ќе може да се изучуваат основите на мобилното новинарство преку вежби за креирање фотографии, снимање аудио и видео како и монтирање на новинарски приказни на мобилен телефон.

ШТО ЌЕ НАУЧИТЕ:

  • Основи и предности на мобилното новинарство
  • Како да преземете контрола над камерата на вашиот мобилен телефон
  • Како да снимите квалитетни фотографии, аудио и видео снимки со вашиот паметен телефон
  • Како да монтирате новинарски приказни со бесплатни апликации на вашиот мобилен телефон

Инструктор ќе биде Александар Манасиев, наградуван новинар  чии новинарски приказни се објавени во над 50 медиуми во балканскиот регион и пошироко. Има новинарско искуство од повеќе од 17 години работејќи во печатени медиуми, телевизија и дигитални медиуми.

Главен уредник е на дигиталниот медиум Види Вака и последниве години успешно експериментира со нови форми на дигитално раскажување на новинарски приказни.

СОДРЖИНА НА КУРСОТ:

 Дел 1  дава преглед на курсот и го објаснува концептот на мобилното новинарство.

 Дел 2 ги опишува предностите на мобилното новинарство и потребната опрема за завршување на овој курс

 Дел 3 го опишува првиот аспект на мобилното новинарство- фотографијата и начините како да се создаде моќна фотографија со мобилен телефон

 Дел 4 го објаснува вториот елемент на мобилното новинарство- видеото и начините како да се создаде квалитетна видео содржина со мобилен телефон.

 Дел 5 е посветен на снимање квалитетно аудио со помош на мобилен телефон.

 Дел 6 го објаснува последниот дел – монтирање на новинарски прилози на мобилен телефон со помош на бесплатна апликација.

Повеќе информации за курсот на следниот ЛИНК.