„PMG Kolektiv“ ќе го затворат овогодинешното издание на „Здраво млади“

Домашниот бенд „PMG Kolektiv“ ќе го затвори 10-то јубилејно издание за фестивалот „Здраво Млади“ кое ќе се одржи во Парк МКЦ на 27 август.

„Се работи за еден од највредните бендови на нашата сцена, бендот кој ако добро броиме – моментално работи на 9-тиот по ред албум, а зад себе ина 30-тина изданија. Еден од ретките бендови кај нас кој може да има сет од саат време со мега хитови – килери, не филери… Токму такво нешто најавуваат PMG Kolektiv за својот прв настап на Здраво Млади“, информираат организаторите на фестивалот.

Во досега најавената програма ќе настапат инди-рокерите „Efterklang“, свежата психоделија од Истанбул „Lalalar“, „Viagra Boys“ од Шведска, британското пост-панк трио „Shopping“, но и домашните „Funk Shui“.

Фестивалот ќе се одржи под посебни безбедносни и здравствени мерки, дефинирани во протоколот за организација на јавни настани.

Билетите по цена од 500 денари се достапни онлајн.