„Планирањето на семејство е човеково право“ – тема на годинешниот Светски ден на населението

„Планирањето на семејство е човеково право“ е темата за 2018 за Светскиот ден на населението, кој глобално се одбележува секоја година на 11 јули.

„На светско ниво, милиони жени и понатаму немаат сигурен пристап и ефикасна метода за планирање на семејство – основно човеково право, кое, исто така треба да биде прашање на личен избор. Родовата рамноправност и социјално и економско зајакнување на жените зависи од тоа. Исто така, ограничувањето на бројот на деца е главен фактор за намалување на сиромаштијата“, велат од меѓународната организација ЦНВП.

Светскиот ден на населението за прв пат се одбележа на 11 јули 1990 година во повеќе од 90 држави во светот. Основната цел беше да се зголеми свесноста за итните и важни прашања поврзани со светската популација особено во контекст на севкупниот развој.