Пиратската партија на Исланд не успеа да освои мнозинство во Парламентот

Исландската Партија за независност има најголем број пратеници и има мнозинство за да формира влада, на изборите кои се одржаа во саботата. Иако на сите анкети водство имаше анти-естаблишмент Пиратската партија, доби помал број гласови одошто се очекуваше.

Пиратската партија, формирана пред четири години од група активисти, анархисти и поранешни хакери, во коалиција со уште три левичарски партии добија вкупно 27 парламентарни седишта. За да добијат мнозинство, им беа потребни уште пет пратеници.

Централно-десничарската Партија за независност, сепак, доби речиси 30 посто од гласовите, и вкупно 29 седишта заедно со својот коалициски партнер, Прогресивната партија.

„Пиратите“ најавија дека ќе формираат коалиција со четири партии, меѓу кои и новата либерална и проевропска Партија за регенерација.

„Епски успех! Има многу можности за коалицирање, многу работа пред насА“, „твитнал“ Смари Мекарти, еден од десетте пратеници на Пиратската партија.

Од нивните сојузници, Левото десничарско движење исто така има 10 пратеници, Социјал-демократите имаат три, а централната Светла иднина четири.

Исланд е и држава со најголем број жени пратенички. Има вкупно 30 пратенички на последните избори, со што ги претекна Финска и Шведска. Сега ја има пропорционално најмногу жени во парламентот – 47 проценти.