Петтото издание на Skopje Design Week во „Јавна соба“ од 26 до 29 ноември

Од 26 до 29 ноември ќе се одржи петтото издание на Skopje Design Week во просторот за дизајн и иновации „Јавна соба“ во Скопје. И оваа година ќе има предавања, работилници за дизајнери и архитекти, детски работилници, музичка програма, деловни средби, гастрономија, a во фокус ќе бидат младите балкански дизајнери.

Балканската дизајн мрежа која лани се формираше во рамки на фестивалот ќе направи отворена презентација каде што ќе ги претстави бенефитите за дизајнерите од регионот. Гости оваа година на Skopje Design Week се Маја Лалиќ, уметнички директор на Миксер Белград и Јелена Матиќ од Факултетот за дизајн од Белград.

Програмскиот директор на фестивалот Марта Наумовска Грнарова потенцира дека задачата на Skopje Design Week е да се изгради дизајн-сцената во Македонија и да се разбудат студентите, а на клиентите да им се презентира што значи дизајн и колку е тој важен.

Отворањето во објектот „Јавна соба“ е закажано за во четврток, во 20 часот со настап на Синан-кларинет, Вали-сакс и Ел Мамер-конга.

Официјалната и придружна програма за Skopje Design Week може да ја погледнете овде.