Петти протест пред Собрание, Филип Петровски ги повика граѓаните да ја блокираат утрешната седница

Граѓаните утре да се појават пред Собрание и да ја блокираат седницата, а пратениците на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ да си поднесат оставки, порача Филип Петровски од фракцијата на ВМРО-ДПМНЕ, на денешниот протест против договорот за решавање на спорот за името со Грција.

Тој ги повика граѓаните утре во 11 часот, за кога е закажана расправа за потребата од ратификација на договорот, да се соберат пред Собранието.

Граѓаните бараат власта да се откаже од договорот. Порачаа дека не ги заслужиле шок-бомбите кои синоќа полицијата ги фрлила против нив за време на протестот.

„Ова е достоинствен протест, да го одржиме до крај“, рече една од учесничките на протестот.

„Ова е предавничко картелска власт, нема да ви важи ни Букурешт ниту Версај ниту Париз, а ни Преспа. Ви се случува народ“ порача таа.

Откако го усвои, Владата денеска го достави предлог-законот со европско знаменце, за што расправата се сели во  Комисијата за европски прашања, чиј претседател е Артан Груби, а не во Комисијата за надворешни работи, со која претседава Антонио Милошоски и која е матична за ратификации и билатерални договори.

Денешниот протест е мирен.

По протестот пред Собрание: Осуди за насилство, напади врз новинари и несоодветна реакција на МВР