Петмина починати, 127 новозаразени и 60 оздравени од Ковид-19 во последните 24 часа

Министерството за здравство (МЗ) денеска информираше дека во изминатото деноноќие се потврдени 127 нови случаи на ковид-19, односно, регистрирани се 38 нови случаи во Скопје, 23 во Куманово, 15 во Прилеп, 12 во Гостивар, 8 во Тетово, 5 во Велес,  по 3 во Штип, Пробиштип, Берово, Делчево и Св. Николе, по 2 во Струга и Пехчево и по 1 нов случај во Дебар, Битола, Охрид, Кавадарци, Струмица, Виница и Неготино.

Од МЗ соопштија дека од Ковид-19 починале 5 лица, односно, една пациентка од Крива Паланка (69г), двајца од Гостивар (77г и 63г), еден пациент од Неготино (69г) и еден од Скопје (70г). Сите починале во болнички услови.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира и 60 оздравени пациенти.

„Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 13799,  бројката на оздравени пациенти е 10210, на починати е 573, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3016. Денеска се евидентира еден контролен тест од вчерашните тестирања“, од МЗ.

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 14 пациенти.  Вкупно се хоспитализирани 91 пациент. На кислородна поддршка се 50 пациент, нема на механичка вентилација.

Во болницата во Козле се хоспитализирани 18 возрасни пациенти позитивни на ковид-19, 3  позитивни, една мајка и две деца суспектни на вирусот.

Во ГОБ „8 Септември“ примени се 2 нови, вкупно хоспитализирани се 54 пациенти. На респираторна машина се 9 пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 15, а во болницата во Штип се хоспитализирани 45 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 110, позитивни и сомнителни на ковид-19.

Досега во земјата се направени вкупно 140.093 тестирања на ковид -19, а во последните 24 часа се направени 1768 тестирања.